Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада

Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји.
Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“.
Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои финализацијата на документацијата. Тој спомена и можност за повторно активирање на проектот за нафтоводот „Keystone XL“, но без да даде дополнителни детали.
Предложените царини би се однесувале на млечните производи, алкохол и мебел, или производи што сочинувале околу пет отсто од вкупната вредност на минатогодишниот американски увоз од Канада.
Одлуката за одложување следува по неколкудневни интензивни преговори меѓу Трамп и канадскиот премиер Марк Карни, за кои Карни рече дека биле „многу деликатни и интензивни“.
Канадскиот премиер потврди дека е одложено воведувањето на царините и оцени дека е постигнат значителен напредок, но оти „има уште многу работа“.
Трамп воведувањето на царините го темели врз малку познат закон од 1930-тите, именуван како „Член 338“ што досега никогаш не бил користен на ваков начин. Се очекуваше дека примената на таа легислатива ќе биде оспорена пред судовите. За разлика од некои други закони, „Член 338“ не предвидува временско ограничување, што значи дека царините би можеле да останат во сила неограничено, се додека не бидат укинати од Трамп или некој од неговите наследници.
МИА
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
