Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по поразот на Иран, ќе го прогласи Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави. Тој ја изговори реченицата со насмевка, со тон што остави впечаток дека се шегува.
„Откако ќе завршиме со победата над Иран, кој претрпе тежок пораз, многу брзо ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп за време на митингот одржан во Полициската академија на округот Насау во Гарден Сити, Лонг Ајленд.
За време на истиот говор, тој повторно тврдеше дека Иран „претрпе тежок пораз“.
Изјавата доаѓа два дена откако Трамп тврдеше на својата социјална мрежа Truth Social дека Соединетите Американски Држави имаат „тотална контрола“ над Ормускиот теснец.
„САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот теснец. МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ГО ДРЖИМЕ! Нашата поморска блокада се нарекува „ЧЕЛИЧЕН ЅИД“ и Иран не може ништо да направи во врска со тоа“, напиша тој.
Сообраќајот низ теснецот е речиси целосно запрен во последните денови.
МИА
Ново на Сител
-

По нацистичките бродови во Србија, Дунав во Будимпешта откри останки на Хитлерови војници и воен мотоцикл
-

Туристи реагираат: Во 7:20 плажите во Полихроно „резервирани“ со пешкири и столчиња – местата зафатени, луѓето ги нема
-

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак
-

Пред пукањето во Тајланд ученикот ги убил своите баба и дедо
-

Седуммина убиени во пукањето во училиште во Тајланд, 15 повредени
-

ИЈЗ: Нови содржини на апликацијата „Беббо“ во рамки на Светската недела на доењето
-

Од средината на јули до крајот на август најопасен период за шумски пожари во Грција
-

Документарен филм „Секоја капка за Преспа“
