Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по поразот на Иран, ќе го прогласи Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави. Тој ја изговори реченицата со насмевка, со тон што остави впечаток дека се шегува.
„Откако ќе завршиме со победата над Иран, кој претрпе тежок пораз, многу брзо ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп за време на митингот одржан во Полициската академија на округот Насау во Гарден Сити, Лонг Ајленд.
За време на истиот говор, тој повторно тврдеше дека Иран „претрпе тежок пораз“.
Изјавата доаѓа два дена откако Трамп тврдеше на својата социјална мрежа Truth Social дека Соединетите Американски Држави имаат „тотална контрола“ над Ормускиот теснец.
„САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот теснец. МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ГО ДРЖИМЕ! Нашата поморска блокада се нарекува „ЧЕЛИЧЕН ЅИД“ и Иран не може ништо да направи во врска со тоа“, напиша тој.
Сообраќајот низ теснецот е речиси целосно запрен во последните денови.
МИА
Ново на Сител
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
