Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ја спасил Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната против Иран и повторно го нападна Лондон поради неговото одбивање да се вклучи во конфликтот, јави ДПА.
„Јас ја спасувам и вашата земја од заканата…Бидејќи ако Иран имаше нуклеарно оружје, поверојатно е дека би го употребил во Европа, до каде што можат да достигнат иранските ракети“, посочи американскиот претседател во телевизиското интервју за биританската „Џу Би њуз“„
Тој повторно ја исмејуваше неподготвеноста на Велика Британија за вклучување во конфликтот со Иран. Тој навести дека САД би можеле да ја повлечат поддршката за Велика Британија во прашањето за Фолкландските Острови.
„Не заборавајте дека добивате голем процент од вашата нафта преку Ормуската Теснина, а вие не бевте таму за да ми помогнете“, нагласи Трамп.
Трамп ја даде изјавата во услови на продолжена воена напнатост меѓу Вашингтон и Техеран на Блискиот Исток поради Ормуската Теснина. Важниот поморски енергетски коридор беше отворен за бродски сообраќај до пред американската и израелската офанзива против Иран, за која Вашингтон и Тел Авив тврдат дека имала за цел да се спречи земјата да развие нуклеарно оружје. Нарушувањата во поморскиот сообраќај во Персискиот Залив ги потресоа економиите ширум светот, вклучително и британската, и доведоа до нагло зголемување на цените на горивата.
Зборувајќи по прашањето за имиграцијата, Трамп предупреди дека „доколку не ги спречите луѓето да навлегуваат во вашата земја од целиот свет, нема да ви остане земја“.
Тој рече дека делови од Лондон се „зони во кои не се влегува“ поради имиграцијата и дека полицијата „се плаши“ да патролира таму.
Трамп повторно упати критики на адреса на градоначалникот на Лондон, Садик Кан, со кого има затегнати односи.
„Ако поминете низ Лондон, Лондон е сосема различно место. Имате ужасен градоначалник. Тој е гаден човек, непријатен човек. Тој е многу лош градоначалник. Имате криминал што е многу висок, а Лондон е многу различно место – ако земете некого од пред 15 или 20 години и го однесете во Лондон, тој нема да разбере што се случило. Толку различно место“, изјави Трамп.
Во интервјуто американскиот претседател уште рече дека доколку бил крал на Велика Британија, не би ги „вратил“ принцот Хари и Меган.
„Тој е многу подобар човек од мене“, рече Трамп за кралот Чарлс Трети.
Неговите коментари уследија нешто повеќе од една недела откако војводата и војвотката од Сасекс се вратија во Велика Британија за да започнат нов живот по шест години поминати во САД.
МИА
Ново на Сител
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
