Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот

Американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social пред малку објави дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, што треба да започне денес во 23 часот по средноевропско време.
Целта на договорот, вели тој, е да се постигне траен мир меѓу двете земји.
„Тукушто имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби Нетанјаху. Двајцата лидери се согласија официјално да започнат 10-дневен прекин на огнот со цел да се постигне МИР меѓу нивните земји“, напиша претседателот.
Објавата дојде откако претставниците на Израел и Либан пред два дена се сретнаа во Вашингтон, што беше нивна прва официјална средба по 34 години. Домаќин на состанокот беше американскиот државен секретар Марко Рубио.
Американскиот претседател истакна дека им задолжил на највисоките американски претставници понатамошна работа за постигнување траен мир.
„Им наложив на потпретседателот Џ.Д. Венс и државниот секретар Рубио, заедно со началникот на Здружениот штаб Ден Кејн, да работат со Израел и Либан за постигнување траен МИР“, рече тој.
Претседателот Трамп ја заврши својата објава во оптимистички тон. „Ми беше чест да решам девет војни низ целиот свет, а ова ќе биде мојата десетта. Затоа, АЈДЕ ДА ГО НАПРАВИМЕ ТОА!“
МИА
Ново на Сител
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
-

Лековите за Алцхајмерова болест „не прават никаква значајна разлика за пациентите“, според научници
