Трамп им заблагодари на Џјинпинг и Путин за „неутралноста“ по однос војната со Иран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави „неутралниот“ став на кинескиот и на рускиот лидер, Шји Џјинпинг и Владимир Путин во текот на конфликтот со Иран, оценувајќи дека не ги попречиле напорите на Вашингтон за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран.
Зборувајќи на прес-конференција за време на Самитот на групата Г-7 во Евиан, Трамп изрази благодарност кон двете земји за, како што рече, нивното воздржување од вмешување во конфликтот.
„Само сакам да им се заблагодарам затоа што ги направија работите многу полесни“, изјави Трамп по повод постигнатото примирје во конфликтот со Иран.
Тој посебно се заблагодари на кинескиот претседател Шји Џјинпинг, наведувајќи дека Кина останала „целосно неутрална“, како и на рускиот претседател Владимир Путин, за кој рече дека исто така не се вмешал во конфликтот.
„Можеше да ни биде многу потешко ако тие одлучеа поинаку“, додаде Трамп.
Во меѓувреме, официјален Пекинг изрази поддршка на меморандумот за разбирање меѓу Иран и САД, насочен кон завршување на конфликтот.
Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи го поздравил „одговорниот и дипломатски пристап“ на Исламската Република во решавањето на спорните прашања и напредокот во преговорите.
Иранскиот министер го информирал кинескиот колега за деталите од привремениот договор со САД и изразил надеж дека Техеран и Пекинг ќе можат да ги искористат можностите што произлегуваат од меморандумот за зајакнување на билатералните односи, особено во енергетиката и економијата.
МИА
Ново на Сител
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
