-->
-->
Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-->

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараа и се договорија да се сретнат во САД во блиска иднина, соопшти денеска кабинетот на Нетанјаху.
Нетанјаху му ја честиташе на Трамп 250-годишнината од основањето на САД, истакнувајќи дека земјата „ја обезбедува слободата во светот“, како и дека Израел „многу ја цени тесната врска меѓу двете земји“, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во Вашингтон во февруари годинава, пред почетокот на војната на САД и Израел против Иран.
САД на 4 јули одбележуваат 250 години од независноста.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
