Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре

Договорот е закажан да биде потпишан утре, како дел од напорите за завршување на војната со Иран, по што Ормусата Теснина треба повторно да се отвори, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social, пренесе ДПА.
„Договорот е закажан да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормуската Теснина е ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ“, напиша тој.
Американскиот претседател во објавата напиша „нашиот однос со Иран е многу поинаков и подобар од претходните администрации. За разлика од стотиците милијарди долари исплати на Обама кон нив, вклучувајќи 1,7 милијарди долари во готовина, нема да се разменуваат пари. Во соодветно време, кога сè ќе биде мирно, ќе влеземе и ќе ја земеме нуклеарната прашина, закопана длабоко под моќните потонати гранитни планини, благодарение на нашите прекрасни бомбардери Б-2 и нивните брилијантни пилоти, и ќе ја разбиеме и уништиме, без разлика дали тоа ќе биде во Иран или во САД. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Иран и целиот Блиски Исток, долго во иднина“
Тој наведе дека и се надева дека овој процес ќе се одвива брзо, лесно и непречено.
„Ако не се случи тоа, имаме крајна алтернатива, се надеваме дека никогаш повеќе нема да се користи!“
Ормуската Теснина е витален морски канал што го поврзува Заливот со Арапското Море низ кој минува голем дел од светската нафта.
Војната што започна со нападите на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари сериозно го ограничи протокот на сообраќај и ги зголеми цените низ целиот свет.
Медијаторот Пакистан претходно во текот на денот изјави дека договорот ќе биде потпишан утре, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
-

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“
-

По повод 80-тиот роденден на Трамп: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа
-

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
-

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации
-

Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни
-

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
