-->
-->
Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да заземе побавен пристап кон преговорите со Иран и покрај загриженоста за економското влијание на конфликтот.
Тој рече дека брзањето во преговорите би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор.
„Не брзам. Би сакал да биде побрзо, бидејќи знаете што, цените на бензинот ќе се намалат, но ако брзате, нема да добиете добар договор“, рече американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“, гостувајќи во емисијата „Мојот поглед со Лара Трамп“, чиј водител беше сопругата на неговиот син Ерик.
Трамп рече дека администрацијата продолжува да напредува во преговорите. Претходно тој посочи дека Техеран се согласил да не развива, ниту да набавува нуклеарно оружје.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
