Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека војската на САД започнала процес на расчистување на Ормуската Теснина и дека сите ирански бродови наменети за поставување мини се потопени.
„Сега го започнуваме процесот на расчистување на Ормуската Теснина“, напиша Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека сите 28 ирански бродови за поставување мини веќе се наоѓаат на морското дно.
Трамп во неколку наврати изјави дека американските сили ги уништиле иранските морнарички и воздухопловни капацитети, истовремено нанесувајќи тешки удари врз нуклеарната и програмата за балистички ракети на Техеран. Стравувањата од ирански напади врз трговските бродови во изминатите неколку недели практично ја затворија Ормуската Теснина, која е критичен канал за светско снабдување со нафта, што пак предизвика сериозни потреси на глобалните енергетски пазари.
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
