Трамп: Американски авиони нападнаа складишта за ракети и беспилотни летала и радарски станици во Иран

САД извршија нови воздушни напади врз иранските складишта за ракети и беспилотни летала, како и врз радарските станици лоцирани по должината на брегот на Иран, како одговор на уште едно кршење на договорот за прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран. Ова синоќа на социјалната мрежа „Трут Соушл“ го објави американскиот претседател Доналд Трамп, откако вчера танкер за нафта беше погоден од граната во Ормуската теснина.
„Американските авиони ги нападнаа иранските складишта за ракети и беспилотни летала, како и крајбрежна радарска станица, поради уште едно кршење на договорот за прекин на огнот! Многу е веројатно дека никој не научил лекција!“, се вели во објавата на Трамп.
Шефот на американската држава, исто така, предупреди дека „може да дојде момент кога повеќе нема да можеме да бидеме разумен и ќе бидеме принудени да го завршиме со воени средства тоа што го започнавме толку успешно. Ако се случи ова, Исламската Република Иран повеќе нема да постои!“.
Централната команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави синоќа објави дека американската армија почнала нови напади врз Иран, откако претходно во текот на денот танкер што пловел под панамското знаме бил нападнат од ирански дрон.
Иранската државна телевизија IRIB изутринава по локално време објави дека се слушнале експлозии во Сирик, во јужниот дел на Иран.
„На Иран му беше дадена шанса да го почитува договорот за прекин на огнот, но тој одлучи да не го стори тоа“, се вели во соопштението на Централната команда на САД.
Во соопштението се наведува дека нападот е „директен одговор на континуираната агресија на Иран врз трговското бродски превоз“ и дека целта се воениот надзор, комуникациите, воздушната одбрана, депоата за беспилотни летала и бродовите за поставување мини на Иран.
МИА
Ново на Сител
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
