Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска на церемонијата на пречекот на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила во Белата куќа изјави дека Американците низ историјата ги имале своите најблиски сојузници токму во Британците, истакнувајќи ги долгогодишните врски меѓу двете земји.
Трамп, како што пренесува Би-Би-Си, рече дека тој и неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп, никогаш нема да ја заборават посетата на замокот Виндзор минатата година, додавајќи дека Чарлс Трети и кралицата Камила ќе имаат пријатен, иако краток престој во САД. Трамп наведе дека говорот на британскиот крал пред Конгресот на САД „ќе предизвика завист поради неговиот убав акцент“, опишувајќи го како „многу елегантен човек“.
Говорејќи за историските врски меѓу двете земји, Трамп го истакна „благородниот дух на Британците“, нагласувајќи дека американската борба за слобода не настанала како „интелектуален изум од 1776 година“.
– Основањето на Америка беше кулминација на стотици години размислување, борба, пот, крв и жртви од двете страни на Атлантикот – рече тој.
Трамп се осврна и на дрвото што покојната британска кралица Елизабета Втора го засадила за време на претходната посета на Белата куќа, нарекувајќи го жив симбол на повеќевековната поврзаност на двете нации. Тој наведе дека тоа дрво, кое во меѓувреме многукратно пораснало, е одраз на односите меѓу САД и Велика Британија.
– Како и Соединетите Американски Држави, посадено е со британски раце на американско тло – рече Трамп.
Претседателот на САД во продолжение на говорот го задржа шеговитиот тон, наведувајќи дека неговата мајка била голем обожавател на британското кралско семејство, па дури и, како што рече, „била вљубена во Чарлс“.
– Секогаш кога кралицата учествуваше во некоја церемонија, мојата мајка беше прикована за телевизорот и велеше: „Погледни, Доналд, преубаво е“ – рече Трамп.
На крајот од обраќањето, Трамп ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета Втора, истакнувајќи дека му била чест што ја познавал.
Британскиот крал Чарлс и кралицата Камила вчера допатуваа во државна посета на САД, каде што се состанаа со Трамп и Меланија Трамп со кои испија чај. Станува збор за прва посета на британски монарх на американски претседател по 2007 година, кога кралицата Елизабета Втора го посети тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш помладиот.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
