Loading Video...
Фудбал
2. January 2021 - 15:37
Тотенхем го прекина „постот“ од четири натпревари без победа
Екипата на Тотенхем ја прекина низата од четири натпревари без победа во Премиер лигата.
Избраниците на Мурињо, попладнево забележаа триумф во дуелот против Лидс Јунајтед со 3-0.
Првиот гол беше дело на Хари Кејн од пенал во 29-минута, на што му претходеше грешката на гостинскиот голман, а во продолжението од акцијата македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го направи прекршокот над Бергвајн за најстрога казна.
По акцијата на Кин во 43-минута Сон го постигна вториот гол, а по корнерот што го изведе Јужнокореанецот, Алдервирелд го постави конечниот резултат, Тотенхем – Лидс Јунајтед 3-0.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
