Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на Состанокот на високи претставници во рамките на Прашкиот процес за миграциски дијалог, кој денес и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници на државите членки, меѓународните организации и партнерските институции вклучени во управувањето со миграцијата и азилот.
Во своето обраќање, како што информираат од МВР, министерот Тошковски истакна дека миграцијата не претставува апстрактна политичка тема, туку реалност со која секојдневно се соочуваат државите, институциите и граѓаните.
-Миграцијата е реалност што ја чувствуваме на нашите граници, во нашите заедници и во животите на луѓето. Македонија низ годините научи дека ефикасното управување со миграцијата бара континуирано вложување во човечките ресурси, модернизација на граничната инфраструктура и блиска соработка со соседните земји и европските агенции- нагласи министерот Тошковски.
Осврнувајќи се на новиот Пакт на Европската Унија за миграција и азил, министерот потенцираше дека неговата успешна имплементација е можно да се постигне само преку активно вклучување на земјите од Западен Балкан во процесот на усогласување и спроведување на новите политики.
-Пактот нема да може целосно да функционира доколку се применува само во рамките на Европската Унија, а земјите од Западен Балкан останат сами да се справуваат со последиците и предизвиците. Потребна е вистинска соработка, предвидлива финансиска поддршка, оперативна помош и формални механизми за партнерство кои ќе овозможат усогласување на законодавството, размена на информации и реализација на заеднички активности- истакна Тошковски.
Министерот нагласи дека Македонија останува посветена на модернизацијата на граничното управување, развојот на концептот на паметни граници, зајакнувањето на обуките и размената на информации со партнерските институции, како и на заштитата на ранливите категории граѓани и борбата против криумчарењето мигранти.
Во рамките на состанокот ќе се одржат повеќе тематски сесии посветени на подготовките за Петтата министерска конференција на Прашкиот процес и новиот Акциски план 2028–2032, актуелните миграциски политики во регионот, како и конкретните мерки и активности за справување со миграциските предизвици.
Министерот Тошковски потенцираше дека Прашкиот процес има особено значење затоа што овозможува практична соработка меѓу државите, институциите и експертите кои секојдневно работат на терен.
-Доколку сакаме миграциските политики да дадат резултати, потребно е државите низ кои поминуваат миграциските рути да бидат рамноправно вклучени во креирањето и спроведувањето на решенијата. Само преку заеднички проекти, заеднички капацитети и усогласени процедури можеме да изградиме одржлив систем кој ќе одговори на современите предизвици- порача министерот Тошковски.
Како домаќин на состанокот, министерот ја потврди подготвеноста на Македонија активно да придонесува во унапредувањето на регионалната и европската соработка во областа на миграцијата и управувањето со границите, со цел создавање поефикасен, посигурен и похуман миграциски систем.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
-

Сообраќајот со градскиот воз се одвива редовно, вчерашниот привремен прекин беше поради невремето
-

Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина
-

Легендарната Лада Нива не се предава: Новиот модел пристигна во продажба за околу 12.000 евра
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
