Топло утро, нестабилно попладне: дожд, грмежи, засилен ветер и температури до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност претпладне. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер.
Минималните температури, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, а максималната температура од 22 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 33 Целзиусови степени.
Од УХМР најавуваат во текот на новата седмица да се се задржи топло време. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град. Од петок се очекува стабилизирање.
МИА
Ново на Сител
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
