Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1, откри тркачкиот директор на јапонскиот тим, Масаја Каџи во интервју за „Аутоспорт“.
Тојота учествуваше со фабрички тим во Формула 1 помеѓу 2002 и 2009 година, но не постигна некој значаен успех. Всушност, учеството на Тојота во Формула 1 често се опишува како најскапиот неуспех во историјата на спортот, имајќи предвид дека Јапонците често имаат најголем буџет од сите на стартната линија.
Сепак, поради глобалната финансиска криза, Тојота се повлече од Формула 1 на крајот на 2009 година и се фокусираше на трките на издржливост и рели, во кои имаше голем успех. Од крајот на минатата сезона, сепак, логоата на „Тојота Газу Рејсинг“, тркачкиот оддел на јапонскиот тим, беа видливи на болидите на Хаас откако Тојота и американскиот тим формираа технолошко партнерство.
Првично беше опишан само како такво, без планови за целосно враќање од страна на Јапонците. Сега, сепак, работите се сменија и во Јапонија всушност ја разгледуваат можноста Тојота да се вклучи со сопствен мотор или дури и тим во иднина.
-Ние, се разбира, ги проучуваме технологиите за 2026 година, па дури и сегашните. Чувствувам дека постепено се движиме во оваа насока. Сè уште не сме во фаза кога ќе ги пренасочиме сите наши ресурси кон целосно враќање во Формула 1. Се уште е неизвесно што ќе се случи по 2030 година. Работиме на многу различни нови технологии, па останува да видиме дали нашите развојни вектори и оние на Формула 1 ќе се поклопат. Доколку имаме сопствен тим, ќе можеме да избереме кои возачи се во нашите болиди. Во овој поглед, ќе бидеме поблиску до внесување на нашите возачи во Формула 1. Но, реално, треба да процениме колку пари и колку вработени ќе бидат потребни за ова да стане реалност, изјави Каџи.
Ново на Сител
-

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид
-

Американските градови домаќини на СП 2026 ги бараат ветените исплати од ФИФА
-

Николовски: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
-

Уапсено едно лице во Скопје, при преглед пронајдени 25 пакувања марихуана
-

Трамп: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо, или Иран ќе биде силно погоден
-

Двајца Косовари со „голф“ во Скопје превезувале 230.000 фалсификувани евра | ВИДЕО
-

ЦУК: Регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои сите се изгаснати
-

Сестрата на Ким Џонг Ун и се закани на Јапонија, рече дека ќе зажалат
