Loading Video...
Кошарка
14. February 2021 - 18:05
Тодоров реши – без Младеновски и Симоновски патува за Перм
По петдневни подготовки во Скопје, македонските кошаркари утре заминуваат за Русија каде ќе го одиграат последниот квалификациски круг преку кој се брка настап на Европскиот шампионат.
Поради повреда здобиена на последниот првенствен дуел Марко Симоновски нема да биде дел од тимот на 15-мина играчи кои ќе патуваат за Перм, меѓу кои ќе го нема и центарот на Работнички, Љубомир Младеновски.
Пред тргнувањето, предвидено за утре наутро, останатите тринаесетмина ќе им се приклучат Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.
Задачата нема да биде лисна бидејќи нашите кошаркари ги очекуваат четири натпревари во пет дена, а последниот е токму против директниот конкурент Естонија.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
