Loading Video...
Кошарка
9. February 2021 - 16:33

Тодоров го скрати списокот на 17 кошаркари

Алаксандар Тодоров селекторот на машката македонска кошаркарска репрезентација го скрати списокот на кошаркари со кои ќе ги одработи мини подготовките за претстојните евро-квалификациски натпревари. 
 
Од поширокиот список на Тодоров кој броеше 24 кошаркари, отпаднаа седум, а на утрешната прва прозивка, треба да се појават 15 играчи, додека Ненад Димитриевиќ и Стојан  Ѓуроски подоцна ќе им се приклучат на останатите. 
 
По направените тестирања на Ковид-19, здравствениот билтен е одличен, па Тодоров на располагање ќе треба да ги има сите повикани. 
 
Според планот. Првиот тренинг од мини подготовките македонските кошаркари ќе го имаат утре од 13 часот во СЦ Јане Сандански каде ќе тренираат се до недела, а во понеделник наутро заминуваат за Перм. 
 
А, таму пак машката кошаркарска репрезентација на Македонија ќе има тешка задача, бидејќи во период од пет дена ќе треба да одигра дури четири натпревари. 
 
Првиот на програмата е на 18 февруари против Италија, а ден подоцна (19.02) ќе играме против Русија, по што црвено-жолтите ќе имаат ден за одмор 
 
Веќе на 21-ви повторни ќе се судриме со Италија, додека ден подоцна 22 февруари на програмата е последниот натпревар против селекцијата на Естонија, нашиот главен конкурент за пласман на Европскиот шампионат закажан за следната година (2022).