Loading Video...
Кошарка
5. February 2021 - 15:24

Тодоров го објави поширокиот список на играчи за квалификациските натпревари

Александар Тодоров селекторот на машка македонска кошаркарска репрезентација, денеска го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари.
 
На поширокиот список на Тодоров се најдоа 24 кошаркари, од кои најголемиот дел дури седуммина од екипите на МЗТ Скопје. 
 
Меѓу оние кои добија повик е и нашиот најголем талент Теодор Симиќ кошаркарот на европскиот гигант Барселона кој пак вчера наполни 17 години и е најмладиот во „одбраното“ друштво. 
 
Во изборот на Тодоров покрај новиот Американец, Џејкоб Вајли, кој требаше да дебитира во претходниот циклус, е и неговиот сонародник Шејн Витингтон кој практично е повратник во репрезентацијата. 
 
Според планот. Сите повикани на 8 и 9 февруари ќе треба да го минат задолжителното ПЦР тестирање на Ковид-19, а ден подоцна би требало и да биде првиот собир на кој Тодоров ќе ги прозива имињата на играчите на кои ќе смета на последниот дел од квалификациите. 
 
Македонските кошаркари ги очекува тешка задача, бидејќи во период од пет дена ќе треба да одиграат дури четири натпревари, преку кои по пауза од 7 години ќе бркаат ново учество на завршницата на Европскиот шампиона што е предвиден за 2022 година.  
 
СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ И НАСТАП ВО ФЕВРУАРСКИ КВАЛИФИКАЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2022 ГОДИНА
 
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)
Андреј Митревски (ТФТ)
Виктор Ефремовски (Работнички)
Марјан Младеновиќ (Работнички)
Љубомир Младеновски (Работнички)
Дамјан Робев (Куманово 2009)
Горјан Марковски (Куманово 2009)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Марко Симоновски (Кожув)
Војдан Стојановски (Гравелин-Франција)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
Шејн Витингтон (Сеа Хорсес-Јапонија)
Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте – Шпанија)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет-Италија)