Тим Мекгро: Семејството пред сѐ!
Американскиот кантри-пејач Тим Мекгро за списанието „Лео“ проговори за тоа како е да се биде славен и да се биде родител во истовреме. Музичарот (53) е веќе 25 години во брак со пејачката и продуцентка Фејт Хил и имаат три деца.
– Кога се венчавме, долго разговаравме за тоа како двајцата ќе го уредиме нашиот живот – како ќе се справиме со ова? И, решивме дека ќе ги ставиме на прво место нашето семејство и нашите деца, вели Мекгро.
Тој смета дека тоа ќе ги научи младите и тие да работат напорно и да бидат попрофесионални и поуспешни луѓе.
– Да ги научиме и нив да имаат врвна работна етика, но истовремено да бидат и успешни луѓе и родители, додава тој.
Според неговите кажувања, нивниот стил на родителство има многу врска со животот што Мекгро и Хил веќе го имаат како успешни уметници.
– Се трудиме да не бидеме никогаш предолго далеку од нив. Тие беа на патувањата со нас, летаа со нас. Ако требаше да одиме во Европа, тие одат со нас во Европа. Кога работиме, тие најчесто се со нас најмногу од времето, вели тој.
Но, тука е и потребата – еден дел од животот да се биде и дома заради интересот на децата.
– Способноста да се биде толку флексибилен со работата, исто така, е голем успех. Бевме во добра позиција, што можевме сами да одредиме кога ќе работиме. Но, таа одлука и плановите треба еднаш да се донесат, а ние го решивме тоа рано, вели Мекгро.
Ново на Сител
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
-

Скопјанец управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, возилото е одземено
-

Македонските тенисери со трофеј го завршија настапот во конкуренција на двојки на „Neocom open 2026“
-

Без плаќање во готовина од утре во јавниот превоз во општина Кавадарци
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
