Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште седум лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Другово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 јули во 13:35 часот, а во неа учествувале три патнички возила – „Фолксваген Тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 76-годишниот Љ.М. од Прилеп, „Фолксваген Голф“ со скопски ознаки, управуван од 41-годишниот С.П. од Скопје и „Цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 48-годишниот Р.Р. од селото Грешница.
Во несреќата најтешко поминал 79-годишниот С.Р. од Грешница, кој бил сопатник во возилото „Цитроен“. Тој се здобил со тешки телесни повреди.
Со телесни повреди се здобиле и тројцата возачи, како и сопатниците Г.Р. (45) од Грешница, Ц.М. (76) од Прилеп, М.П. (34) од Скопје и нејзините две малолетни деца.
Сите повреди биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Кичево, а причините за судирот дополнително се утврдуваат.
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
