-->
-->
Тениското јуниорско првенство одложено поради топлото време
-->
Отвореното првенство на Македонија (ОПМ) за јуниори и јуниорки, што требаше да се одржи претстојниот викенд, е одложено на неодредено време поради неповолните временски услови, соопшти денеска Тениската федерација.
-Поради зголемените дневни температури, високиот индекс на УВ зрачење и препораката на здравствените власти да се избегнува изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, ОПМ на барање на јуниорскиот селектор Предраг Русевски е одложено за друг термин, информираше Македонската тениска федерација.
Државното првенство за тенисери и тенисерки до 14 години првично беше планирано да се одржи в сабота, на терените на Тенискиот клуб „Црна Река“ во Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
