Телото на исчезнатиот скопјанец синоќа било извлечено од водите на Охридското Езеро

Во водите на Охридското Езеро вчера вечерта е пронајдено безживотното тело на 31-годишен скопјанец, кој ден претходно бил пријавен за исчезнат, информира СВР Охрид.
Според полицијата, синоќа околу 22 часот службеници од езерската полиција и од СВР Охрид во близина на автокамп, на околу 50 метри од копното во водите на Охридското Езеро, го пронашле безживотното тело на Б.С. (31) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а препознавањето го извршил член на неговото семејство. По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Б.С. на 14 септември во 18:10 часот во СВР Охрид бил пријавен за исчезнат од неговиот татко З.С. (68) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.
Ново на Сител
-

По две години бегство, уапсен осуденик за недозволена трговија со дрога
-

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со лани
-

Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Вино што зборува на светски јазик: Бидете дел од петтото издание на саемот Wine Vision!
-

Светот има право да се плаши од вештачката интелигенција, изјави директорот на OpenAI
-

Четири предгрупи ја откажаа турнејата со Ед Ширан во знак на солидарност со Меклмор
-

Голем успех за 12-годишниот Македон: Примен во престижната програма за таленти на „Џонс Хопкинс“
-

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
