Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци

Двајца загинати во тешка сообраќајка кај Миладиновци, тројца тешко повредени
Две лица го загубиле животот, а три се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила околу 2 часот по полноќ на општинскиот пат Илинден – Миладиновци.
Според информациите од Јавното обвинителство, во несреќата директно се судриле „Опел Корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од 19-годишен жител на Куманово, и „Хјундаи И30“, зад чиј волан бил 51-годишен жител на Марино.
На местото на несреќата починале 51-годишниот возач на „Хјундаито“ и неговиот 18-годишен син. Нивната 18-годишна ќерка се здобила со тешки повреди.
Во судирот тешко биле повредени и 19-годишниот возач на „Опел Корса“ и неговиот 18-годишен сопатник. Двајцата биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.
Несреќата се случила во близина на полициската база „Брест“, во рамки на комплексот на Меѓународниот аеродром Скопје.
На местото биле извршени увидни дејствија од страна на дежурен јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на МВР. Обвинителот издал наредби за обдукција на починатите, а надлежните продолжуваат со истрагата за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
