Македонија
23. July 2026 - 13:14

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија

Жителка на гостиварско пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, на 22 јули во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна расправија во семејниот дом, нејзиниот сопруг С.А. противправно и без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија.

За случајот се известени надлежните служби, како и Центарот за социјални работи во Гостивар, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.