Таравари на средба со Ахмети и Џафери за да остане во европскиот фронт
Продолжува притисокот врз Алијанса на Алијанса на Албанците да се приклучи во проевропскиот фронт на ДУИ и да не стане дел од коалицијата на албанската опозиција. Вчера лидерот на партијата Таравари имал средба со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети и со техничкиот премиер Талат Џафери. Наводно, Таравари добил прилично сериозна понуда од Ахмети. Но, дали паднала некаква одлука за предизборно коалицирање лидерот на Алијанса вели дека ќе одговори за неколку дена.
Таравари вчера, имал разговор и со неговиот претходник во Алијанса – Зијадин Села, кој пак, претходно се состануваше со партиските ограноци токму за тоа како ќе се позиционира Алијанса. Партиски извори велат дека во Алијанса има поделени мислења за тоа како треба да настапи партијата на претстојните избори.
Таравари претходно ја одби понудата на албанската опозиција да биде претседателски кандидат, но по средбата со косовскиот премиер Курти остана подотоврена вратата за предизборна соработка со блокот на Меџити, Гаши и Касами.
ДУИ пак, иако на терен се обидува да го скрои европскиот блок, барем во албанскиот политички табор, а ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека ги кочи евроинтеграциите, за постизборно коалицирање со македонски партнер се уште се повикува на Рамковниот договор – победник со победник.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која на анкетите е фаворит за парламентарните избори, поскуван албански партнер е сегашната албанска опозиција.
Во СДСМ пак, се уште се надеваат на предизборна коалиција со сегашните владини партнери ДУИ и Алијанса во името на евроинтеграциите. Поранешниот премиер и лидер на СДСМ не го загрижува екипирањето на лабнаските партии што го прави Курти.
„Ние сме демократска земја, нашата иднина сами си ја одредуваме а победникот на изборите ќе го одредат граѓаните со нивниот глас. Мнозинската волја на граѓаните никој ниту ја спречил, ниту може да ја спречи. Тоа го покажаа претходните парламентарни и претседателски избори и така ќе биде и овој пат“, вели Ковачевски во интервју за Локално.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
