Македонија
17. February 2024 - 16:39

Таравари, Меџити, Гаши и Касами си подадоа рака за обединета албанска опозиција

Таравари ја официјализираше соработката со Меџити, Касами и Гаши. Четворицата лидери ставија потпис на Декларација за обединување на албанските опозициски сили. Се обединија под името „Влен“ со кое испраќаат порака до гласачите дека вреди да ги поддржат. Таравари како иден заеднички кандидат за претседател верува со масовна поддршка бидејќи вели дека по 22 години Албанците заслужуваат промена.

Во пресрет на утрешниот конгрес кој го свикува таборот на Села на кој ќе се решава за негово разрешување од претседателската функција, Таравари без конкретен коментар. Вели поддршката на членството е кај него.

Токму одлуката на Таравари да се здружи со албанската опозиција предизвика раздор и поделби во Алијанса. На вчерашниот конгрес кој го организираше Таравари се укина функцијата претседател на партиското собрание на која е Села. На конгресот кој утре го организира Села пак ќе се разрешува Таравари од претседателската функција.