СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда

Светска здравствена организација (СЗО) прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и во Уганда за „јавна здравствена криза од меѓународен интерес“.
Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус, процени дека епидемијата на ебола предизвикана од вирусот бундибугио претставува „вонредна состојба во јавното здравје со меѓународна значење“ (ПХЕИЦ), иако сè уште не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба.
СЗО одлучи соседните држави да ги стави во состојба на зголемена подготвеност и да ја мобилизира меѓународната поддршка за справување со заразата.
Во провинцијата Итури во североисточниот дел на ДР Конго пријавени се 80 сомнителни смртни случаи, осум лабораториски потврдени случаи и 246 сомнителни случаи. Провинцијата Итури граничи со Уганда и Јужен Судан.
Во главниот град на Уганда, Кампала пријавени се два неповрзани случаи, од кои едниот со смртни последици, кај лица кои патувале во ДР Конго.
Еболата е многу заразна и опасна по живот вирусна болест, која се пренесува преку физички контакт и контакт со телесни течности на заразено лице. Според германскиот институт „Роберт Кох“, стапката на смртност од ебола може да достигне и до 90 проценти доколку не се лекува навремено.
За време на епидемијата на ебола во Западна Африка во периодот 2014-2015 година, болеста уби повеќе од 11.000 луѓе.
Последната епидемија на ебола во ДР Конго беше регистрирана во септември минатата година, кога 45 лица починаа во југозападната покраина Касаи. Тоа беше 16-та епидемија на ебола во земјата од 1976 година.
МИА
Ново на Сител
-

19-годишник уапсен за убиство кај Сарај, татко му го пријавил во полиција
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
