СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници

Светот до 2030 година ќе се соочи со недостиг на медицински персонал, со оглед на тоа што една четвртина од лекарите ќе се пензионираат во следните 10 години, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).
-Во многу земји, и населението и здравствените работници стареат истовремено. Ова може дополнително да го влоши проектираниот глобален недостиг од 11,1 милиони здравствени работници до 2030 година“, се наведува во соопштението на СЗО, повикувајќи се на податоци од повеќе од 100 земји во извештајот- пренесуваат новинските агенции.
СЗО наведува дека до 2030 година се проценува дека 67 земји ќе имаат недоволно персонал за да ги одржат сегашните стандарди за медицински третман.
За да се одржи сегашната распределба на медицинскиот персонал во однос на населението, потребни се дополнителни 832.000 здравствени работници.
Земјите со повисоки приходи, вклучувајќи многу во Европа, ќе бидат најтешко погодени бидејќи имаат поголем процент на постари здравствени работници, а во тие земји еден од тројца лекари ќе се пензионира во следните 10 години.
МИА
Ново на Сител
-

21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција
-

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
-

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на когенеративните капацитети на „TESSA Energy“
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
