СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска на подрачјето на Полициското одделение Мирковци во општина Чучер Сандево спроведоа превентивна активност за заштита од пожари.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во разговорите со жителите била потенцирана потребата од континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, како и фрлање отпушоци, со цел навремена реакција на институциите и спречување на пожари.
- Граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари - стои во објавата на МВР на фејсбук.
Во меѓувреме, како што се дополнува, Отсекот за превенција при СВР Штип вчера на Градскиот стадион во Штип ја реализирале кампањата „Навивај безбедно за нашиот клуб“ во пресрет на фудбалски натпревар. Активноста била насочена кон подигнување на свеста за спортско и фер навивање, како и кон спречување нарушувања на јавниот ред и мир и други инциденти поврзани со спортските настани.
Истиот ден, во вечерните часови, полициски службеници од ОВР Кочани реализирале соседска патрола на подрачјето на општина Зрновци, при што оствариле повеќе средби со граѓани. На средбите се разговарало за безбедноста на младите, спречувањето на меѓуврсничкото насилство и одржувањето на стабилен јавен ред и мир.
MИА
Ново на Сител
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
-

САД и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, канадскиот премиер најави контра царини за Вашингтон
-

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
-

Шеснаесет маратонци денеска ќе пливаат на 39. Охридски пливачки маратон
-

Одбележување на 25-годишнината од формирањето на ЕБР
-

Сончево и многу топло
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
