СВР Охрид со апел - семејни забави без огнено оружје и огномет
Никако да се елиминира појавата на пукање со огнено оружје за време на свадби и прослави.Летово немаше куќа или ресторан без семејна забава кои покрај со музика, речиси сите беа придружени со пукотници или огномет.Пред само неколку дена во Охрид беа повредени две лица еден возрасен маж и неговиот малолетен син на свадба во градот од лице кое легално поседува оружје по што заработи соодветна пријава.
Потпарлот на СВР Охрид Димоски со апел до граѓаните, свадбите и другите семејни веселби, да ги слават без употреба на оружје со што, ќе ги избегнат опасностите од нивната употреба по животот на славениците и ќе овозможат безбедно прославување на семејните прослави.
Пукањето, спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
