-->
-->
Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-->

На платото на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на 77-годишнината од основањето на Универзитетот и патрониот празник - 24 Мај.
Активностите ќе почнат со положување цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, по што во свечената аула на ректоратот ќе се обрати ректорката на Универзитетот, проф. д-р Биљана Ангелова.
Ќе бидат доделени награди на најдобро дипломираните студенти за учебната 2024/2025 година, како и наградата „26 Јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2024/2025 година.
Најавена е и уметничка програма, како и разгледување на изложбата на графичката мапа и нејзината постојана поставка „Ѕид на креативна азбука“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
