Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада

Студентската листа за евентуалните вонредни парламентарни избори кои студентите во блокада во Србија ги бараат од мај, е 99 отсто комплетна. Можни само уште некои измени во зависност од договорот. Тоа денеска за ТВ Н1 го изјави Алекса Симиќ, студент на Факултетот за политички науки.
Симиќ додаде дека постојат најважни критериуми за таа листа и на неа нема претставници на опозицијата или на владејачката коалиција.
„На неа нема да има лидер, сакаме да се откажеме од култот на личноста што нè следи“, рече студентот.
Според него, тоа ќе бидат нови лица, луѓе кои претходно немале политички амбиции, кои можат да бидат „незагадени од политички контроверзии, интриги и злоупотреби“.
„Идеологијата не ни е сосема важна, туку луѓе кои немаат екстремистички ставови. Ни треба единство и покрај идеолошките разлики“, рече Симиќ, пренесе Бета.
МИА
Ново на Сител
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
