Македонија
26. February 2023 - 16:38
Стружанец искасан од кучиња и по седум години не може да ги оствари своите права
64 годишниот стружанец Драган Пејоски и по поминати 7 години од нападот на глутници кучиња во Струга сеуште има трауми и лузни по неговот тело.Тој вели дека неможе да го заборави тоа утро кога во 6 часот и 15 минути чекајќи превоз за работа бил искасан од 9 кучиња и завршил во болница.Деновиве бил повторно нападнат и како што вели стружани стравуваат своите деца да ги пуштаат сами на училиште поради големиот број на кучиња низ улиците.
Стружанецот вели дека иако тужел и го добил спорот сеуште не му биле исплатени парите за оштета од две и пол илјади евра.
За жал Пејоски е само еден од многуте настрадани и искасани од кучиња скитници во Струга тие бараат од наделжните што поскоро да се реши овој проблем кој се провлекува години наназад.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
