Македонија
30. јуни 2026 - 13:45

Струшките пожарникари со апел за зголемена претпазливост од пожари на отворено

Командирот на Територијалната противпожарна единица во Струга, Фети Мазари ги повика граѓаните на одговорно однесување во шумите и на отворени површини поради високите темератури и зголемениот ризик од пожари.

- Апелирам граѓаните на Струга и околината во текот на летната сезона да бидат максимално внимателни, да не палат оган на отворени површини, особено во ниви и шуми, бидејќи може да предизвикаат големи штети, вели Мазари, нагласувајќи дека последиците можат да бидат големи.

Според него, целото струшко подрачје е под постојан мониторинг преку системот за противпожарни камери, што овозможува побрза реакција на надлежните и навремено спречување на ризиците.

 

МИА

Ново на Сител