Струга должи над 2,6 милиони евра
Општините и градоначалниците во земјава имаат зголемени трошоци и долгови.Неплатени сметки за струја,камати ,превработеност,високи хонорари, нови возила и телефони ,скапи ручеци и редица луксузирања ваквата состојба е резултат на лошиот менаџерски однос .
Со доспеани а неплатени обврски во износ од речиси 2,6 милион евра е општина Струга. На крајот на декември лани и Водовод и канализација Струга пријавиле долг во износ од 3,4 милион евра што го вбројува ова јавно претпријатие на високото 25 то место на новата должничка листа.
Министерот за локална самоуправа Пенов вели дека немаат механизам како да ги санкционираат градоначалниците и локалните самоуправи кои неразумно трошат.
На територијата на општина Струга со долгови се и општата болница ,Завдот за нефрологија, јавното комунално претпријатие ,основните училишта, основниот суд како и НУ Манифестација “Струшки вечери на поезијата“.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
