Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се жртвуваат за земјата

Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот митинг, истакнувајќи ја својата подготвеност да поминат ограничена воена обука и да учествуваат во одбраната на земјата.
Тоа беше најголем митинг откако САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари. Владината кампања се нарекува „Џанфадеј е Иран“, што значи „оние кои ги жртвуваат своите животи за Иран“. Демонстрантите беа облечени во воени униформи маршираа низ центарот на Техеран. Некои од учесници на маршот ги газеа американските и израелските знамиња, додека други скандираа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.
Иранските власти се стремат да го мобилизираат населението и да го нагласат националното единство во услови на влошена економска состојба поради американската поморска блокада на иранските пристаништа и новите санкции од Вашингтон врз Техеран.
Државните медиуми со денови ги повикуваа Иранците да се приклучат на кампањата. Волонтерите треба да станат дополнителна сила на моќниот Корпус на исламската револуционерна гарда и нејзините волонтерски сили Басиџ.
Командантот на Револуционерната гарда во Техеран, генерал Хасан Хасанзаде, изјави дека повеќе од 600.000 луѓе се регистрирале за учество, а се очекува повеќе од еден милион да поминат обука. Утрово, телевизијата објави дека повеќе од 300.000 луѓе марширале по улиците.
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, високи воени функционери и други лидери го следеа маршот.
На маршот беа изложени противвоздушни оружја, беспилотни летала. На маршот учествуваа и припадничките на Револуционерната гарда.
МИА
Ново на Сител
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
