Стевчо Јакимовски побарал одложување на затворската казна поради здравствени причини
Одложен е почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски.
Тој поднел барање за одлагање од 12 јуни, заради здравствени причини.
Судијата за извршување санкции по приемот на барањето, веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15 јуни како и ургенција на 26 јуни, и во моментот се чека нивен одговор, велат од Кривичен.
Согласно Законот за извршување санкции, судија за извршување на санкција има рок од 30 дена, од приемот на барањето, да ги провери наведените околности во барањето и да донесе одлука
До донесување на одлуката почетокот на извршувањето на казната се одлага.
Ново на Сител
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
