Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра

По една недела помината во притвор поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев излегува од притвор откако Судот му прифати гаранција од 55.000 евра.
Како што информира Основниот кривичен суд Скопје, одлуката е донесена по жалба против решението на судијата на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое на Богоев првично му беше одреден притвор по барање на обвинителството.
Кривичниот совет ја прифатил жалбата и понудената гаранција, која се состои од готовина во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, што ќе биде депонирана како обезбедување за негово присуство во понатамошната постапка.
Покрај гаранцијата, судот одредил и мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за напуштање на државата.
Од Судот посочуваат дека доколку не ги почитува мерките, можат да бидат изречени построги мерки за обезбедување на неговото присуство.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
