Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра

По една недела помината во притвор поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев излегува од притвор откако Судот му прифати гаранција од 55.000 евра.
Како што информира Основниот кривичен суд Скопје, одлуката е донесена по жалба против решението на судијата на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое на Богоев првично му беше одреден притвор по барање на обвинителството.
Кривичниот совет ја прифатил жалбата и понудената гаранција, која се состои од готовина во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, што ќе биде депонирана како обезбедување за негово присуство во понатамошната постапка.
Покрај гаранцијата, судот одредил и мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за напуштање на државата.
Од Судот посочуваат дека доколку не ги почитува мерките, можат да бидат изречени построги мерки за обезбедување на неговото присуство.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
