Ставен под контрола пожарот на Жеден

Ставен е под целосна контрола пожарот кој неколку денови беше активен на планинатата Жеден, а којшто навлезе во атарот над село Бојане и најверојатно ќе биде целосно изгаснат, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Со тоа, потенцира Ангелов, чадот што од тука одеше во насока на Скопје и се чувствуваше насекаде низ градот, значително ќе се намали.
Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица, која беше вклучена во гаснењето, информираше дека се изгаснати 90 проценти од зафатените површини со пожарот.
-Ја спасивме шумата. Пожарот беше со голема јачина. Апелирам граѓаните да внимаваат бидејќи температурите се високи за да не настануваат уште пожари. Уморни сме, секој ден има по 12-13 пожари, рече Амети.
Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
