Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026

Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада вечерва Естонија во Скопје со 37-33 и со победа ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.
Македонија до стартната победа во евроквалификациите дојде многу потешко од очекувањата, откако на полувреме резултатот беше израмнет 20-20, а Естонија во 41 минута имаше и два гола предност (26-24).
Сепак, уследија три интервенции на голманот Кизиќ и серија од 10-3 со која македонските ракометари го вратија водството и го задржаа до самиот крај на дуелот во салата „Борис Трајковски“.
Серафимов со десет голови беше најефикасен во македонските редови, а по седум постигнаа Митев и Кузмановски.
Во рамки на второто коло во групата 1, Македонија в недела ќе ѝ гостува на Литванија.
Ново на Сител
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
