Стартен пораз на македонските кошаркарки во евроквалификациите

Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство во 2025, откако синоќа загуби на гостински терен од Португалија со 65-52 (34-27).
Избраничките на селекторот Александар Ашаданов беа рамноправен противник на паркетот во салата во Матосињос до завршните десет минути и во неколку наврати имаа водство во второто полувреме кое изнесуваше највисоки три поени (42-45) во 28 минута.
Најефикасна во македонските редови беше Анџелика Митрашиновиќ со 17 кошеви, а поен помалку постигна натурализираната Американка Мерит Хемпе.
Во воведниот натпревар во рамки на квалификациската група Ц, Србија со убедливи 82-40 ја совлада Украина.
Македонските кошаркарки во второто коло, кое е на програмата в недела, ќе играат против Србија на домашен терен.
Ново на Сител
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
