Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала

Економската состојба на Велика Британија нема целосно да се „врати во нормала“ откако Ормуската Теснина ќе биде повторно отворена, предупреди британскиот премиер Кир Стармер.
Тој, исто така, инсистираше дека Велика Британија мора да „заземе поинаков курс“ за својата иднина, а не да се врати на „статус кво“, што се случи по други економски шокови како што се финансиската криза во 2008 година и пандемијата на Ковид, додека се обидуваше да им сигнализира на гласачите дека го разбира нивното незадоволство.
Стармер го даде предупредувањето во интервју за Би-Би-Си Радио 4, кога беше прашан за економското влијание на американско-израелската војна со Иран.
Техеран го блокираше превозот од Ормуската Теснина уште од раните денови на војната. Застојот на превозната рута, низ која обично тече една петтина од глобалната нафта, предизвика хаос во економиите на земјите низ целиот свет.
Во разговорот за Би-Би-Си, Стармер рече: „Мојот цврст став е дека многу, многу гласачи, многу луѓе низ целата земја се фрустрирани што не ја виделе промената што сакаат да ја видат во оваа земја. Ние сме во стагнација поголемиот дел од 20 години. И ќе ви кажам зошто мислам дека е така. Тоа е затоа што секој пат кога имаме криза како оваа, без разлика дали е тоа падот од 2008 година, дали е Брегзит, Ковид, владата во моментов се стреми да се врати на статус кво што е можно побрзо. Но, статус квото не функционираше. И затоа, не можеме повторно да го сториме тоа. Мора да заземеме поинаков курс како одговор на оваа криза“.
На прашањето дали ја подготвува јавноста за скок на инфлацијата предизвикан од нафтената криза во Иран споредувајќи ја со претходните глобални настани, Стармер рече: „Да. А причината е затоа што имаме војна на два фронта.
„Мислам дека очигледно мора да ги здружиме земјите за да ја отвориме Ормуската Теснина. И тоа е она што го правам во коалицијата што ја предводам со претседателот Макрон, на која работевме многу напорно во последните недели и треба да ја отвориме теснината што е можно побрзо. Но, дури и кога тоа ќе се случи, не сакам никој да помисли дека откако ќе се отвори Ормуската Теснина, сè ќе се врати во нормала. Нема да биде така“, нагласи Стармер.
Тој додаде дека „отстапувањето од статус кво бара Велика Британија да стане „поотпорна“. Стармер ги посочисвоите планови за воспоставување поблиски врски со Европа и транзицијата кон зелена енергија. Ова доаѓа откако иранските медиуми соопштија дека земјата го предала својот последен предлог за преговори со САД на медијаторите во Пакистан. Американскиот претседател Доналд Трамп подоцна изјави дека „не е задоволен“ од предлогот, но не образложи понатаму.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
