Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра

Во првата половина од 2026 година, најскапо платениот стан во Србија изнесувал 2,6 милиони евра (Белград/општина Стари Град), каде воедно и најскапиот квадратен метар – 12.000 евра, објави денеска српскиот Републичкиот геодетски завод (РГЗ). Најскапата куќа е продадена на територијата на белградската општина Савски Венац, за 2,1 милион евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 77.000 евра, на територијата на Стари Град.
Пазарот на недвижности во Србија во првата половина од годината вредел 4,2 милијарди евра, што претставува раст од 10,1 процент во споредба со првата половина од 2025 година, а бројот на договори за продажба изнесувал 61.343, односно 0,2 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Во овој период, исто така, се забележува продолжување на умерениот раст на цените на становите со годишна стапка на раст од 5,25 проценти, се вели во соопштението. Најголемиот дел од парите на пазарот на недвижности беа инвестирани во станови и изнесуваа 2,5 милијарди евра, што е 61 процент од вкупната тргувана вредност.
Осум отсато односно 328 милиони евра беа издвоени за купување куќи, 282,8 милиони евра или седум проценти за градежно земјиште, 212,9 милиони евра или пет проценти за деловен простор и 125,6 милиони евра или три проценти за земјоделско земјиште.
МИА
Ново на Сител
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
