-->
-->
ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-->

Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари - информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ).
За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.370 денари, за транспорт 5.175 денари, ресторани и хотели 4.131, за комуникациии 3.677, за хигиена 2.692, за здравје 1.196 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за август изнесува 84.050 денари.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
