Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан, соопштија од нејзиниот кабинет.
Таа се заблагодарила за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхашките критериуми со почитување на европските принципи и вредности, утврдени во конститутивните акти на Унијата.

Според неа, силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ. Таа го поздравила романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња“.
-Обајцата сметаат дека добрите политички односи треба да бидат проследени со поширока и подинамична економска соработка, велат од кабинетот на Сиљановска-Давкова.

На средбата биле разгледани можностите за соработка во областа на културата, образованието и науката.
Сиљановска-Давкова изразила подготвеност за понатамошна меѓусебна поддршка во рамките на меѓународните организации. Таа упати покана до претседателот Дан за официјална посета на земјава.
МИА
Ново на Сител
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
