Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата.
Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот мир.
- На средбата беше нагласено значењето на партнерството со НАТО и со Соединетите Американски Држави, како и важноста на соработката со командата во Неапол за безбедноста и стабилноста на Балканот и за натамошниот развој на современ и интероперабилен одбранбен систем, информира Кабинетот на претседателката.
Соговорниците разговарале и за важноста на Балканот во контекст на европската безбедност, при што било истакнато значењето на инфраструктурната и логистичката поврзаност, како и на цивилно-воената координација за унапредување на сојузничката подготвеност и мобилност. Во разговорот било посочено и значењето на Армискиот полигон Криволак, како еден од клучните капацитети за реализација на големи сојузнички вежби, што дополнително го зацврстува придонесот на македонската армија во рамки на Алијансата.
- Адмиралот Викоф го нагласи придонесот и глобалната одговорност што државата ја демонстрира со своето учество во повеќе мировни мисии предводени од НАТО, посочувајќи дека со својата географска положба нашата држава е важна точка за источното крило на Алијансата, се вели во соопштението.
Соговорниците размениле мислења и за актуелните безбедносни предизвици, вклучително и последиците од војната во Украина и состојбите на Блискиот Исток, при што е истакната потребата од единство, подготвеност и засилена соработка меѓу сојузниците.
Претседателката Сиљановска-Давкова ја потврдила целосната посветеност на државата кон заедничките вредности и цели на Алијансата, како и кон придонесот во колективната безбедност и стабилност на НАТО.
Ново на Сител
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
