Македонија
26. May 2026 - 11:47

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка

Премиерот Христијан Мицкоски и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево во Охрид одржаа тет-а-тет средба, а потоа им се придружија на делегациите на владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“.

Потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка. 

Претходно со свечена церемонија премиерот Мицкоски го пречека на хрватскиот колега Пленковиќ на охридскиот аеродром. 

- Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност - напиша премиерот Мицкоски на „Фејсбук“.

Во 12.30 часот следува заедничка прес-конференција на Мицкоски и Пленковиќ.

За време на престојот на Пленковиќ во Македонија предвидена е и бизнис-средба на сопственици на компании од двете држави.

 

МИА