Србија издвојува 90 милиони евра за обновување на обврската за служење во војска

Во Предлог-законот за буџетот на Србија за 2026 година е наведено дека во следните три години ќе бидат издвоени речиси 90 милиони евра за задолжителен воен рок, што треба да трае 75 дена.
Пред околу два месеца, министерот за одбрана Братислав Гашиќ рече дека очекува првите регрути во касарни да бидат во следната година.
Планирано е воената служба да трае 75 дена - 15 дена ќе бидат обука на терен. Планот е годишно да влегуваат 20.000 регрути во касарни.
Владини претставници претходно објавија дека таа обврска ќе биде повторно воведена поради влошувањето на безбедносната состојба во светот.
Според буџетскиот план за 2026, 2027 и 2028 година, планирано е годишно да се издвојуваат 3,37 милијарди динари за воена служба, односно вкупно околу 86,5 милиони евра за три години.
Буџетот предвидува и изградба на објекти и инфраструктура.
Како што претходно беше најавено, првата генерација војници ќе ја отслужуваат својата редовна воена служба во јануари или март 2026 година. Пред војската да се врати во касарните, потребно е Собранието да го усвои законот за воена служба.
Воената служба во Србија беше укината во јануари 2011 година. По речиси деценија и пол.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
